Андреј Марков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Андреј Андреевич Марков (руски: Андрей Андреевич Марков) (14 јуни 1856 - 20 јули 1922 ) е руски математичар.
Марков е роден во Рјазањ. Студирал на универзитетот во Санкт Петербург во 1874 под туторство на Пафнутиј Чебишов. Во 1886, станува член на Руската Академија на науките. Најпознат е по неговите проучувања во теоријата на стохастичките процеси. Неговите истражувања подоцна стануваат познати како Маркови вериги.