Апсолутна ѕвездена величина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Апсолутната ѕвездена величина — мерка за сопствената сјајност на едно астрономско тело. Во астрономијата, апсолутната величина се изведува од набљудуваната привидна величина на небесниот објект со исправка за сметка на неговата оддалеченост од набљудувачот. Апсолутната величина е еднаква на привидната величина што би ја имал објектот кога би бил на стандардно сјајносно растојание (10 парсеци) од набљудувачот (без изумирање). Вака можат да се споредува вистинската сјајност на објектите без оглед на оддалеченоста. Болометриската величина е сјајноста изразена во единици за величина, земајќи ја предвид израчената енргија на секоја бранова должина, без разлика дали е видлива.
Апсолутната величина се добива по истата постапка како видливата величина: соодносот на сјајноста со фактор 100,4 (≈2,512) соодветствува на величинска разлика од 1,0. На пример, Млечниот Пат има апсолутна величина од околу −20,5. Затоа, еден квазар со апсолутна величина од −25,5 би бил 100 посјаен од нашата галаксија (бидејќи (100,4)(-20,5-(-25,5)) = (100,4)5 = 100). Ако овој квазар го ставиме до нашата галаксија (на исто растојание од нас), квазарот ќе биде за 5 величини (т.е. 100 пати) посјаен од нашата галаксија.