Битка на Неретва
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката на Неретва или Битката за ранетите е назив за четвртата непријателска офанзива на НОВЈ. Тоа е назив во поширока смисла за непријателските операции Вајс 1 и Вајс 2, операции на силите на Германците за уништување на НОВЈ во содејство со Италијанците, усташите, домобраните и четниците, како и офанзивата на НОВЈ во сливот на Неретва и потоа во источна Херцеговина во периодот од 20 јануари до 1 април 1943 година.
можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во потесна смисла називот се однесува на дел од операцијата Вајс 2, кој ја зафатил главната оперативна група на Врховниот штаб, настапување на силите на Оската против НОВЈ во Херцеговина и Офанзивата НОВЈ во областа на Неретва. Еден од исто така вообичаените називи е битка за ранетите, бидејќи поради склоп на околности Главната оперативна група на Врховниот штаб на НОВЈ била принудена со себе да ја носи и централната болница, што довело до низа драматични битки за спас на ранетите. Уште за време на траењето на битката на Уна на 06.02.1943 година седмата и деветтата партизанска дивизија започнале движење према Неретва. Втортата пролетерска дивизија и четвртата далматинска бригада го зазеле Посушје истиот ден, а веќе следниот ден Имотски. Истата групација го продолжила движењето према Неретва, наидувајќи попатно на спорадичен отпор, а на 16.02.1943 година избила на потегот Дрежница-Грабовица. Единиците на втората пролетерска и втората далматинска бригада тргнале по западниот брег на север према Јабланица, која е освоена на 22.02.1943 година. Единиците на третата пролетерска дивизија го зазеле Прозор после дводневна борба со италијанската дивизија Мурге. Ден подоцна освоен е Осторжец, а Рама паднала на 20.02.1943 година. Прват пролетерска бригада на Првата пролетерска дивизија го зазела Иван Седло на 18.02.1943 г. додека остатокот од дивизијата го очистил остатокот од сите непријателски упоришта помеѓу Иван Седло и Коњиц. Единствениот солиден колски пат водел низ Коњиц, па затоа било планирано Главната болница да се транспортира низ тој град. Во Коњиц партизаните наишле на јак отпор на германскте сили па успеале да заземат само дел од градот на западната страна на Неретва. Сите обиде за заземање на мостот биле угушени во крв. Во кординиран удар према Неретва дивизијата Мурге изгубила една комплетна регимента додека другата регимента била растерана, па Мурге престанала да функционире како дивизија. Партизаните заробиле 12 тенкови, 36 топови, стотина автомати и преку 1 000 пушки. Патот преку Неретва бил фактички отворен, но требало да се причека болничкиот транспорт кој дури на 19 февруари вечерта го напустил Дуванското поле и тргнал према Прозорската котлина. За тоа време продолжиле борбите на северниот дел на боиштето. Германскиот генерал Лутерс на 12.02.1943 година издал заповед за почеток на операцијата Вајс 2. Како помош на германскиот напад Лутерс ја ангажирал италијанската дивизија Бергамо, зајакната со усташки сили, кои требало да надираат од Сињ премаЛивно, односно од Дрниш до Врлица. Две четнички бригади од Вајс 1 добиле задача да го чистат теренот северно од Книн. Операцијата према планот требало да трае од 25.02-20.03.1943 година. Молскавичниот партизански напад на Неретва ги испанилил Италијанците. Единиците на шестиот италијански корпус со главна база во Мостар ги напуштиле сите помали упоришта околу Широк брег оневозможувајќи ја германската експлоатација на боксит во тоа подрачје. Го викнале и Дража Михајловиќ заповедувајќи му да го собере својот ударен четнички корпус. Околу 7 000 четници се собирало источно од Неретва, додека нивните истурени единици брзале према реката. Со цел за воспостевување на повторна експлоатација на боксит Лутерс ги пратил 718 дивизија со усташката борбена група Бугојно и делови на втората домобранска горска единица према Мостар. Еден дел од 718 дивизија и групата Бугојно се движел по патот Бугојно-Прозор-Рама а другиот дел на дивизијата и домобранска горска единица напредувале на патот Сарајево-Коњиц. Италијанците од Мостар пратиле комбинирани четничкп-италијански колони на западниот брег на Наеретва а една четничка група на источниот брег на Неретва. Тие сили требало со германците да се поврзат во Јабланица и да го затворат обрачот. Всушност операцијата Вајс 2 содржела две различни операции. Првата операција била напад према Ливно , кој го изведувале германски сили ( 7-та СС дивизија, 369-та дивизија и 717-та дивизија), дивизијата Бергамо и две четнички летечки бригади. Втората операција била концентрично напредување према триаголникот Коњиц-Јабланица-Прозор, а го изведувале 718-та дивизија, втараата домобранска горска единица, усташката бојна група Бугојно, четничкиот ударен корпус и италијанскиот 6-ти корпус.