Гран-при Монтреал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гран-при Монтреал (француски: Grand Prix Cycliste de Montréal) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Монтреал, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 12 септември 2010 година, како завршен настан во UCI ProTour 2010.
Кратки факти Датум, Регион ...
Лого на трката | |
Датум | септември |
---|---|
Регион | Монтреал, Квебек, Канада |
Месно име | Grand Prix Cycliste de Montréal (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Груп Серди |
Прво одржување | 2010 (2010) |
Одржувања | 10 (до 2019) |
Прв победник | Роберт Гесинк (ХОЛ) |
Најмногу победи | Грег ван Авермат (БЕЛ) 2 победи |
Неодамнешен победник | Грег ван Авермат (БЕЛ) |
Затвори
Со Гран-при Квебек, која се одржува два дена порано, Гран-при Монтреал е една од единствените две трки во Северна Америка на Светската турнеја на UCI. Во 2014 година, Сајмон Геранс станал првиот кој постигнал двојна канадска победа, освојувајќи ги Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал, во истата година. Во 2018 година, истиот подвиг го направил и Мајкл Метјус.