Евровизија 2007
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2007 беше 52 издание на „Песна на Евровизија“. Победник беше Србија и беше одржана во Хартвол Арена во Хелсинки, Финска од 10 (полуфинале) до 12 мај (финале). Финска доби предност на одржување на Евровизија, заблагодарувајќи им се на хеви метал бендот Лорди, кои победија на Евровизија 2006, што се одржа во Атина, Грција. Водители на оваа манифестација беа Јана Пелконен и Мико Лепилампи, со Крис Салминен во зелената соба.
Евровизија 2007 | |
---|---|
Датум | 10 мај (ПФ) 12 мај 2007(Финале) |
Домаќин | Финска YLE |
Локација | Хартвал Арена, Хелсинки, Финска |
Презентери | Јана Пелконен Мико Лепилампи Крис Салмимен |
Победничка песна | Србија Molitva, Марија Шерифовиќ |
Гласачки систем | Гласањето се врши во секој земја учесник преку телевотинг или смс. Секоја земја доделува бодови од 1-8, 10 и 12. |
Број на земји | 42 (28 во полуфинале, 24 во финале) |
Земји кои прв пат настапуваат | Чешка Црна Гора Грузија Србија |
Земји кои се вратиле | Австралија Унгарија |
Земји кои се откажале | Монако |
Нула бодови | непознато |
Настап во интермецо | Apocalypta |
Настап кој го отвора натпреварот | Лорди |
Темата на оваа Евровизија, Финска одлучи да биде „Вистинска фантазија“. Хартвол Арената е најголема финска арена за хокеј на мраз, којашто беше главен фаворит за одржување на Евровизија.
Рекордниот број на земји учесници беше 42. Како нови земји учесници се појавија: Србија, Чешка, Црна Гора и Грузија. А земји кои се вратија после неколку години беа: Австрија и Унгарија.
Во финалето, резлутатите од секоја земја беа прикажани од 1-7 бода автоматски се појавија на екранот, и само 8, 10 и 12 беа читани од говорникот од секоја земја. За првпат победникот после Евровизијата имаше промоција околу светот, со концерти во Данска, Шпанија, Шведска, Холандија, Грција и Германија. Турнејата беше одржана од 16 мај до 21 мај.