Европско првенство во ракомет за мажи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во ракомет за мажи — натпревар помеѓу сениорските машки ракометни репрезентации на Европа кој се одржува на секои две години, а воедно има улога на квалификации за Светското првенство. Од воведувањето на првенството во 1994 г., досега како најуспешни се покажале репрезентациите на Шведска, Франција, Данска и Шпанија.