Зафатнина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зафатнина или волумен е квантификација на тоа колку простор зафаќа еден објект. SI единицата за зафатнина е кубен метар (м3) (или кубна стапка во САД и Велика Британија).
Кратки факти Зафатнина или волумен, Симболи ...
Зафатнина или волумен | |
---|---|
Симболи | V |
SI-единица | кубен метар [м3] |
Други единици | литар, галон, пинта, кафена лажичка, течен драм, кубен инч, yd3, барел |
Во основни единици | 1 m3 |
Димензија | L3 |
Затвори
Зафатнината на цврст објект е бројна вредност дадена за да го опише тридимензионалниот концепт за тоа колку тој зафаќа простор. Еднодимензионалните објекти, како оската и дводимензионалните објекти, како квадратот немаат зафатнина во тридимензионалниот простор. Зафатнината е фундаментален параметар во термодинамиката.