Ирско востание (1798)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирското востание од 1798 ( ирски: Éirí Amach 1798) било големо востание против британското владеење во Ирска. Востанието било организирано од Друштвото на обединети Ирци, републиканска револуционерна група под влијание на идеите на американската и француската револуција: била формирана од презвитеријански радикали на кои им се придружило мнозинското католичко население.
Кратки факти Датум, Место ...
Ирско востание од 1798 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Атлантски револуции и Француски револуционерни војни | |||||||
Битката кај Кеслбар |
|||||||
|
Затвори
И покрај неговото брзо задушување, востанието од 1798 година останува значаен настан во ирската историја. Прославата на неговата стогодишнина во 1898 г. придонела за развојот на современиот ирски национализам, а неколку клучни ликови во востанието, како Волф Тон, станале основа за подоцнежното републиканство.