Ким Ил-сунг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ким Ил-сунг (корејски: 김일성, ханча: 金日成[1];15 април 1912 – 8 јули 1994 ) бил севернокорејски комунистички политичар кој ја водел Северна Кореја од нејзиното основање во 1948 до неговата смрт.[2] Тој ги вршел функциите премиер на Северна Кореја од 1948 до 1972 и претседател на Северна Кореја од 1972 до неговата смрт. Исто така, Ким Ил-сунг бил претседател на Работничката партија на Кореја, а посмртно бил назначен за Вечен претседател на Републиката.
Ким Ил-сунг | ||
Роден | 김일성 15 април 1912 Магјонгдае, Пјонган-намдо, Кореја | |
---|---|---|
Починал | 8 јули 1994 Пјонгјанг, Северна Кореја | |
Националност | Кореец | |
Познат | корејски комунистички водач | |
Занимање | политичар, премиер и претседател на Северна Кореја. | |
Деца | Ким Џонг Ил |
Кил Ил-сунг владеел во автократско општество и со автократска моќ и основал голем кул за неговата личност во државата. Од средината на 1960-те години то ја развил политичката идеологија џуче, варијанта на комунизам..[3] По неговата смрт, неговиот син Ким Џонг Ил го наследил во политиката. Северна Кореја, официјално, го именува Ким Ил-сунг како „Голем водач“ и според уставот на државата тој е вечен претседател на Северна Кореја. Неговиот роденден е државен празник во Кореја.