Кристофер Колумбо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристофер Колумбо (италијански: Cristoforo Colombo) (1451 - 20 мај 1506 ) — морепловец и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.
Кристофер Колумбо | |
---|---|
Портрет на Кристофер Колумбо | |
Роден | 1451 Џенова, Италија (иако оспоруван) |
Починал | 20 мај 1506(1506-05-20) (возраст 55) Ваљадолид, Кастиља |
Националност | Џенова (иако оспорувано) |
Други имиња | Џеновски: Christoffa Corombo италијански: Cristoforo Colombo каталонски: Cristòfor Colom шпански: Cristóbal Colón португалски: Cristóvão Colombo латински: Christophorus Columbus |
Занимање | морепловец од Кастиља |
Звање | Адмирал на Атлантски Океан; |
Вероисповед | Римокатоличка |
Сопружник/ци | Филипа Мониз (1476-1485) |
Деца | Диего Фернандо |
Роднини | Џовани Пелегрино, Гиакомо и Бартоломео Колумбо (браќа) |
Потпис |
Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот третпат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбовден) се слави во САД и наоколу во светот.