Логичко коло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Логичко коло или логичка врата – електронски склоп составен од прекинувачки елементи кој има барем еден влез и барем еден излез. Овие кола се користат за вршење пресметки во Буловата алгебра. Логичките кола можат да се конструираат од релеи, диоди или оптички елементи. Никола Тесла прв побарал патент за електромеханичко И (AND) логичко коло во 1899 година. Клод Шенон во 1937 година го вовел користењето на Буловата алгебра во анализата и дизајнот на прекинувачките кола. Валтер Боте, пронаоѓачот на т.н. „совпаѓачко коло“ добил дел од Нобеловата награда за физика во 1954 година, за првото електрично И коло направено во 1924 година.