Мечкин Камен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мечкин Камен — споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.
Кратки факти Мечкин Камен, Општи податоци ...
Мечкин Камен | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Крушево |
Земја | Македонија |
Сопственик | Општина Крушево |
Затвори
Споменикот на Мечкин Камен е изработен во 1983 година. Споменикот е авторско дело на Димо Тодоровски, истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари, кои го втемелиле современиот вајарски израз во Македонската ликовна уметност.