Министерство за народна просвета и пропаганда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Министерство за народна просвета и пропаганда (гер. Reichsministerium für Volksaufklärung und Propaganda или Propagandaministerium) — министерство во Третиот Рајх кое ја ширело и спроведувало идеологијата на Националсоцијалистичката партија во Германија и раководело со културата и општеството. Основано е на 13 март 1933 г. во рамките на новата националсоцијалистичка влада на Адолф Хитлер. На чело на министерството стоел Јозеф Гебелс со надлежност да врши надзор и контрола врз печатот и културата во земјата.
Министерството било сместено во Дворецот на Болничкиот ред (Ordenspalais) на тогашниот плоштад Вилхелмплац спроти Рајхсканцеларијата во центарот на Берлин.