Минхенска авионска несреќа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Минхенската авионска несреќа се случила на 6 февруари 1958, кога летот 609 на Британската Авиокомпанија се судрил при третиот обид да полета од пистата која била прекриена со снег, на аеродромот Минхен-Рием во Минхен, Западна Германија. Покрај фудбалскиот тим на Манчестер Јунајтед со прекарот „Бебињата на Базби“ на авионот биле качени и голем број навивачи и новинари. Во судирот на авионот, загинале 20 од 44 патници. Некои од повредените кои се онесвестиле, биле одведени во болницата „Рехт дер Изар“ во Минхен, каде што уште тројца починале, и несреќата завршила со вкупно 23 загинати и 21 преживеан. Тимот бил на враќање од натпреварот за Европскиот Куп во Белград, Југославија против Црвена ѕвезда од Белград, но морале да запрат во Минхен за полнење на гориво, бидејќи директен лет бил надвор од дометот на Амбасадорскиот авион од Елизабетанската класа. Откако наполниле гориво, пилотите капетан Џејмс Тејн и капетан Кенет Рејмен, двапати се обиделе да полетаат, но морале да ги прекинат и двата обиди поради наглото зголемување на притисокот во левиот моторот. Плашејќи се дека многу ќе заостанат со распоредот, капетанот Тејн одбил да преноќи во Минхен обидувајќи се по третпат. При третиот обид почнало да паѓа снег, а на крајот од пистата се издигнал слој на кашест снег. Кога авионот удрил во снегот, започнал да ја намалува брзината, правејќи го полетувањето невозможно. Тој тешко се пробивал покрај оградата пред да го откорне левото крило при удирот во близина на една куќа. Од страв дека авионот може да експолдира, капетанот Тејн се зафатил да ги носи патниците што е можно подалеку. И покрај тоа, голманот на Манчестер Јунајтед, Хари Грег останал позади да ги извлече преживеаните од остатоците. Истрагата на властите на западно-германскиот аеродром, во почетокот го обвинувала капетанот Тејн за несреќата, тврдејќи дека не успеал да ги одмрзне крилата на авионот, иако очевидците го тврделе сосема спротивното. Подоцна било утврдено дека несреќата всушност, била предизвикана од големата количина снег на пистата, која што го оневозможила полетувањето на авионот. Името на Твејн конечно било исчистено десет години по несреќата, во 1968. Во периодот на несреќата, Манчестер Јунајтед се обидувал да стане третиот клуб којшто трипати едноподруго ќе ги освои титулите на Англиската Лига. Тие биле шест бода позади водачите во Лигата, Вулверхемптон Вандерерс и со 14 натпревари за одржување. Тие исто така биле сопственици на „Чарити Шиелд “ и само што стигнале до нивното второ по ред полуфинале на Европскиот Куп. Тимот исто така, останал непоразен на 11 натпревари и три недели порано, си резервирал место во Петтиот Круг на Фудбалскиот Куп.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |