Маскат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маскат (арапски: مسقط, Masqaṭ) е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Маскат. Во 2008 година, метрополитенската област Маскат имала 1.090.797 жители[1]. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км2 и е поделена на шест окрузи.
Маскат مسقط Masqaṭ | ||
---|---|---|
Град | ||
Muscat | ||
Централниот економски округ во Маскат. | ||
Координати: 23°36′31″N 58°35′31″E | ||
Држава | Оман | |
Покраина | Маскат | |
Управа | ||
• Вид | Апсолутна монархија | |
• Султан | Кабос бин Саид | |
Површина | ||
• Метро | 3.500 км2 (1,400 ми2) | |
Население (2008) | ||
• Метро | 1,090,797 | |
Час. појас | оманско стандардно време (UTC+4) | |
Мреж. место | http://www.omanet.om |
Маскат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различни народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на трнот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Маскат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.
Околу градот доминантни се карпестите планини Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Маскат е застапена пред сè од трговијата и петролеум.