Оле Гунар Солшер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оле Гунар Солшер (роден на 26 февруари 1973) — поранешен норвешки фудбалер, кој го поминал поголемиот дел од својата кариера играјќи за англискиот гигант Манчестер Јунајтед, како напаѓач но исто така бил користен и како крило. Моментално е без клуб.
Оле Гунар Солшер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 февруари 1973(1973-02-26) (51 г.) | ||
Роден во | Кристијансунд, Норвешка | ||
Држава | Норвешка | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед (менаџер) | ||
Повлекување | 28 август 2007 - како играч | ||
Младинска кариера | |||
Клаусенген | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1994 | Клаусенген | 109 | (115) |
1994-1996 | Молде | 38 | (31) |
1996-2007 | Манчестер Јунајтед | 235 | (91) |
Репрезентација ‡ | |||
1995-2007 | Норвешка | 67 | (23) |
Раководител на екипите | |||
2008–2011 | Манчестер Јунајтед (Резерви) | ||
2011–2014 | Молде | ||
2014- | Кардиф Сити | ||
2015- | Молде | ||
2018-2021 | Манчестер Јунајтед | ||
† Учества (Голови). |
Пред доаѓањето во Англија, Солшер играл само за два клуба во Норвешка: Клаусенген и Молде. Тој му се приклучил на Манчестер Јунајтед во 1996 година, за сума од 1,5 милиони £. Солшер играл за клубот 366 пати во кој постигнал 126 гола во текот на еден успешен период за клубот и бил наречен "убиец со детско лице" од страна на медиумите. Исто така тој се здобил и со прекарот "Златна резерва", заради неговата способност да влегува од клупата за резерви и да постигнува многу важни и клучни голови. Сепак, моментот по кој Солшер засекогаш ќе остане запаметен во светот на фудбалот се случил кога тој го постигна победеносниот гол за Јунајтед во последната минута од судиското продолжение во финалето на Лигата на шампионите 1999 година, со кој го однел неговиот тим до титулата европски клупски првак совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 во најлудото финале на шампионската лига досега. Оваа сезона за Солшер и неговите соиграчи завршила со Требл (или Тројна Круна), откако црвените ѓаволи триумфирале претходно и во Премиер лигата и ФА Купот.
Во 2007 година, Солшер го најавил своето пензионирање од фудбалот, откако не успеал да се опорави од сериозна повреда на коленото. Сепак, тој останал дел од Манчестер Јунајтед откако ја преземал тренерската улога, во помладите категории на клубот. Во 2008 година, Солшер станал менаџер на резервите на Манчестер Јунајтед, пред да се врати во својата родна земја во 2011 година за да го води својот поранешен клуб, Молде, кого го доведе до нивниот прв шампионски трофеј во лигата во историјата на клубот во 2011 година, а веднаш потоа и до вториот во 2012 година. По краток престој на клупата на Кардиф Сити во 2014, во кој тој не успеал да го спаси клубот од испаѓање од Премиер лигата, Солшер се вратил во Молде во 2015 година. Кон крајот на 2018 година, Солшер бил нзаначен за привремен тренер на Манчестер Јунајтед по отпутањето на Жозе Мурињо.
Тој, исто така, врши надзор на академијата за обука на млади фудбалери во неговиот роден град Кристијансунд, и е покровител на Manchester United Supporters' Trust.