Орбитално занесување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орбитално занесување или ексцентрицитет — параметар којшто го одредува отстапувањето на орбитата на некој објект од совршен круг. Вредноста на орбиталното занесување за кружна орбита изнесува 0, за елиптична орбита од 0 до 1, за параболична орбита 1, а за хиперболична орбита над 1. Поимот потекнува од параметрите на конусните пресеци, бидејќи секоја кеплерова орбита всупност претставува конусен пресек. Обично се употребува за изолираниот проблем на две тела, но негови проширувања постојат и за објекти кои се движат по розетна орбита низ галаксијата.