Португалска азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Португалската азбука е писмо што го користи португалскиот јазик и е заснована врз латиницата. Стандардната португалска азбука има 23 букви, но покрај нив има и други специјално означени букви што се користат во португалскиот јазик но сепак не се сметаат како самостојни букви. Такви букви се: Á, Â, Ã, À, Ç, É, Ê, Í, Ó, Ô, Õ, Ú и Ü. Исто така во странски имиња се појавуваат и буквите K, W и Y. Азбуката се користи во Португалија, Бразил и други поранешни колонии на Португалија.