Пчелин восок
хемиско соединение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пчелин восок — нуспроизвод на пчелите работнички кои го произведуваат со лачење од восочните жлезди за да направат саќе. Овие восочни жлезди се трансформирани хипердермални клетки на хитинозната обвивка и се наоѓаат по четири пара на централната страна на телото. Надворешната страна е покриена со мазна проѕирна кутикула (т.н. огледала).
За да лачат восок на пчелите им е потребен мед и поленов прав. Восокот се ослободува од восочните жлезди во вид на тенок секрет и во контакт со воздухот се стврднува во вид на мали и проѕирни плочки. Пчелите градат саќе џвакајќи ги восочните плочки и мешајќи ги со плунка, па ги доградуваат во основи во облик на шестаголни ќелии.