Рајт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рајт (герм. Rheydt) — реон во германскиот град Менхенгладбах во западниот дел на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Местото имало статус на независен град сè до 1918 г. и повторно од 1933 г. до 1975 по отцепувањето од Менхенгладбах по барање на Јозеф Гебелс.
По спојувањето со Менхенгладбах главната железничка станица си го задржала својот назив, па со тоа Менхенгладбах е единствениот град во германија со две станици со име „Хауптпанхоф“ (Главна станица).
Во местото се наоѓа Рајтскиот дворец, еден од најдобро зачуваните дворци од периодот на ренесансата.