Река
природен водотек / From Wikipedia, the free encyclopedia
Река е голем природен воден пат. Реките често водат до поголеми водни маси како на пример, до океан, или пак, езеро. Реката се состои од повеќе основни делови, почнувајќи од извори, изворишта, и врутоци, што се влеваат во главниот тек. Постојат и помали реки кои се влеваат во реката и кои се викаат притоки. Водата тече по речно корито, со дно наречено речно дно, помеѓу два речни брега. Крајниот дел на реката најчесто се нарекува устие, и реката обично се проширува на крајот и формира делта или естуар.
За други значења на поимот, погл. Река (појаснување).