Светски пласман UCI
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светските пласмани во друмскиот велосипедизам за мажи на UCI се бодовен систен, што се користи за пласманите на машките друмски велосипедисти. Бодовите се добиваат во последниот 12-месечен период, со бодови достапни на секоја трка, чија вредност се разликува од трка до трка.
Претходниот систем на светски друмски пласман на UCI бил во функција во периодот 1989-2004. Бил укинат во 2005 година и биле воведени одвоени системи за пласмани. Врвните ProTour пласмани биле заменети со систем на светскиот пласман за 2009-2010 и овој пласман бил споен во светската турнеја во 2011 година. Нов систем на светски пласман бил отпочнат во 2016 година, што ги вклучило трките од Светската турнеја и континенталните екипи.