Спорт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Спорт - нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за поединечна (или тимска) вештина или способност. Првите спортови како на пример лов и трчање настанале бидејќи биле потребни за да се преживее. За разлика од тогаш, денеска луѓето се занимаваат со спорт за здравје и релаксација.