Светско првенство во фудбал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во фудбал е меѓународно натпреварување во фудбал кое се одржува под покровителство на ФИФА. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од сите земји кои се членки на ФИФА.
Завршниот турнир се одржува на секои четири години, а според моментните правила на него учествуваат 32 репрезентации. Во минатото на завршниот турнир учествувале 13, 16 и 24 репрезентации.
Првото светско првенство е одржано во 1930 година во Уругвај, а прв првак станала домашната репрезентација, која во финалето ја победила репрезентацијата на Аргентина со 4-2. Значаен придонес за развојот на светското првенство дал Французинот Жил Риме, по кого во 1950 година бил наречен победничкиот пехар. Во 1970 година, Бразил станал светски првак по третпат, со што го освоил пехарот во трајна сопственост. Следната година бил претставен нов пехар, кој се доделува и денес.
Најмногу светски титули досега има освоено репрезентацијата на Бразил, вкупно 5.
Од 1991 година, ФИФА организира и Светско првенство во фудбал за жени.