Филип Гидли Кинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Капетан Филип Гидли Кинг (23 април 1758 - 3 септември 1808 година) бил третиот гувернер на Нов Јужен Велс .
По пристигнувањето на Првата флота во Австралија (јануари 1788 година), Кинг требало да го колонизира Норфолшкиот Остров. Како гувернер на Нов Јужен Велс, помогнал во развојот на сточарството, ловењето китови и рударството, изградил многу училишта и го публикувал првиот весник на колонијата. Но, по конфликтите со војската бил принуден да поднесе оставка.