Ѓорче Петров (населба)
населба во Општина Ѓорче Петров, Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѓорче Петров — населба во крајниот западен дел на градот Скопје на излезот кон Тетово, во состав на истоимената Општина Ѓорче Петров. На исток населбата се граничи со населбите Влае и Хром, на југ се допира до десниот брег на реката Вардар, на север се граничи со месните заедници на населбите Даме Груев, Волково и селата Орман и Кучково.
- За поранешниот македонски професор и публицист, видете Ѓорче Петров.