Јорупска митологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јорупска митологија — традиционалните религиозни и духовни концепти и практики на народот Јоруба. Нивната татковина е во денешна Југозападна Нигерија која ја сочинуваат Ојо, Огун, Осун, Ондо, Екити, како и државите Лагос и соседните делови на Бенин и Того, попозната како Јорубаланд. Оваа религија дели некои паралели со вудуто кое го практикуваат соседните народи Фон и Еве на запад и со религијата на народот Едо на исток. Јорупската религијата е основа за многу религии во Новиот Свет, особено сантерија, убанда, тринидатската ориша, хаитското вуду и кандомбле.[1] Јорупските верски уверувања се комплекс на песни, приказни и други културни концепти како дел на општеството на Јоруба.[2][3]