Јувентус Примавера
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Јувентус Примавера — вториот тим на фудбалскиот клуб Јувентус. Таа е дел од младинскиот сектор на клубот, кој е составен од различни тимови поделени по возрасни групи како: Примавера (15-20 години), Берети (под 19 години), Алиеви (15-17 години), Џованисими (под 15), Есордиенти (10-12) и Пулчини (8-10 години). Сите младински категории моментално тренираат на главниот терен за тренинг, во Јувентус центарот, кој се наоѓа во Пиедмонт во селото Виново (14 км на југозапад од Торино). Јувентус Примавера е главната екипа на младинскиот погон на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинскиот сектор кој се на возраст од 15 до 20 години. Секоја сезона во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.
Целосно име | Juventus Football Club | ||
---|---|---|---|
Прекари | Старата дама , Бјанконери (Црно-бели)Зебрите | ||
Основан | ноември 1, 1897; пред 125 години (1897-11-01) (as Sport Club Juventus) | ||
Стадион | Јувентус центар, Виново Торино, Италија | ||
Сопственик | Фамилијата Ањели (through Exor S.p.A) | ||
Претседател | Андреа Ањели | ||
Head Coach | Фабио Гросо | ||
Лига | Примавера ТИМ Чемпионшип | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Примавера тимот се натпреварува во Примавера првенството, со Примавера категориите на останатите екипи во Италија. Исто така играат и во Купот на Италија Примавера, Турнирот Вијареџо и во зависност од постигнатите резултати можат да играат и во Суперкупот Примавера како и во Младинската Лига на шампиони. Инаку Примавера тимот на Јувентус е најуспешен кога се во прашање настапите на Турнирот Вијареџо освојувајќи најмногу досега 9 титули колку што има и Милан.