Јужноарапско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Древно јужноарапско писмо (𐩣𐩯𐩬𐩳 ms3nd) — согласно писмо кое се користело за пишување на древните јужноарапски јазици. Писмото настанало во 9 век п.н.е. од прасинајското писмо. Најраните записи на ова писмо датираат од 9 век п.н.е. и истите се пронајдени во регионот на Северното Црвено Море во Еритреја.[3] Како согласно писмо, абџад, се бележеле само согласките и немало букви за самогласки.
Кратки факти Јужноарапско писмо, Тип ...
Јужноарапско писмо | |
---|---|
Тип | |
Период | 9 век п.н.е. до 7 век |
Правец на пишување | од десно кон лево |
Јазици | геез, древни јужноарапски јазици |
Сродни писма | |
Матични системи | прасинајско
|
Изведени системи | геез[1][2] |
Сродни системи | феникиско писмо |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Sarb, 105 , Old South Arabian |
Уникод | |
Уникоден назив | Old South Arabian |
Уникоден опсег | U+1BC0–U+10A7F |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Затвори
Писмото се користело до 6 век, кога овие јазици и ова писмо биле заменети од арапскиот јазик и неговото писмо.[4] Во Етиопија и Еритреја ова писмо се развило во денешното етиопско писмо,[1][2] кое со одредени симболи и измени се користи за современите амхарски, тигриња и тигре, меѓу другите.