Џесика Частејн
американска глумица / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џесика Мишел Частејн (родена на 24 март 1977 г.)[2][3] — американска глумица.
Џесика Частејн | |
---|---|
Частејн на фестивалот во Торонто во 2015 | |
Роден(а) | Џесика Мишел Частејн 24 март 1977(1977-03-24) (47 г.)[1] Сакраменто Калифорнија, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 2004–сè уште |
Частејн ја започнала својата холивудска кариера со гостински улоги во неколку телевизиски серии, остварувајќи го своето филмско деби во драмата Џолин (2008). Во 2011 година, таа се здобила со светска популарност со улогите во филмовите Засолниште, Дрво на животот и Слугинки, а за нејзината изведба во Слугинки таа добила номинациии за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.
Частејн добила светско признание со улогата во акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012), освојувајќи ја наградата на филмските критичари, како и Златниот глобус за најдобра глумица, а исто така била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа исто така глумела во Интерстелар (2014), Најнасилна година (2014), за кој добила номинации за Златен глобус и за наградата на критичарите, и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Во 2012 година, таа била именувана од списанието Тајм на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“.[4]