Џим Пиблс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Џејмс Едвин Пиблс OM FRS (25 април 1935 ) — канадско-американски астрофизичар, астроном и теориски космолог, кој моментално е пензиониран Алберт Ајнштајн професор по науки при Принстон.[1][2] На далеку е познат како еден од светските водечки теориски космолози во периодот по 1970 година, со значајни теориски придонеси за исконската нуклеосинтеза, темната материја, позадинското микробраново зрачење и создавањето на структури.
Џим Пиблс | |
---|---|
Пиблис во 2010 година. | |
Роден(а) | Филип Џејмс Едвин Пиблс 25 април 1935(1935-04-25) (89 г.) Винипег, Манитоба, Канада |
Националност | Канаѓанец, Американец |
Полиња | Теоретска физика Физичка космологија |
Установи | Принстон Институт за напредни студии |
Теза | „Набљудувачки проверки на теориските проблеми поврзани со замислата дека силата на електромагнетното заемнодејство може да биде променлива“ (1962) |
Докторски ментор | Роберт Дике |
Докторанди |
|
Познат по | Позадинско микробраново зрачење Позадинско инфрацрвено зрачење Ладна темна материја Лајманов алфа оддавач Исконски изозакривен барионов модел Квинтесенција Рекомбинација Острикер–Пибелсова релација |
Поважни награди | Едингтонов медал (1981) Хајнеманова награда (1982) Брусов медал (1995) Златен медал на Кралското астрономско друштво (1998) Груберова награда (2000) Харвиева награда (2001) Шовова награда (2004) Крафордова награда (2005) Дираков медал (2013) Медал на Манитоба (2017) Нобелова награда за физика (2019) |
Пиблс е добитник на половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година, за неговите теориски откритија во физичката космологија.[3] Тој ја поделил наградата со Мишел Мајор и Дидје Кело за нивното откритие на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето.[4][5][6] При доделувањето на наградата, Пиблс забележал дека не го прифаќа поимот „Голема експлозија“, бидејќи „се однесува на настан и местоположба, а всушност тие се погрешни.“ Иако поголемиот дел од неговата работа се однесува на развојот на универзумот од неговите први секунди, тој е многу скептичен за тоа дали можеме да го осознаеме самиот почеток, и изјавил, „За голема несреќа некој мисли за почетокот, додека пак сè уште ние немаме добра теорија за такво нешто како почетокот."[7]
Пиблс себеси се опишува како убедлив агностик.[8]