Џингис-хан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џингис-хан (родено име: Темуџин = „железарец“)[1] — голем хаган и основач на Монголското Царство, која по неговата смрт станала најголемата империја во светот. Тој е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Тамерлан [2][3][4].
Џингис-хан Чингис-хаан | |||||
---|---|---|---|---|---|
Хаган на Монголското Царство (Хан на Монголците) | |||||
На престол | 1206 — 1227 | ||||
Крунисување | 1206 во Курултај, Монголија | ||||
Наследник | Огедеј-хан | ||||
Деца | Џочи Чагатај-хан Огедеј-хан Толуи други | ||||
| |||||
Династија | Борџигин | ||||
Татко | Јесугеј Батур | ||||
Мајка | Хоелун |
До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја презел новата титула Џингис-хан. Титулата хаган, не ја добил сè до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.
Тој бил двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од Евроазија. Џингис-хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Во 1209 година Џингис-хан ја опколил и заробил Западна Шија. Во 1215 Џингис-хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг денес познат како Пекинг. Џингис-хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, а монголската војска била преморана да војува цели десет години. По оваа победа, државата на Џингис-хан се протегала до Балкајско Езеро и дошла до самата граница со Хварезмидското царство, муслиманска држава што се протегала од Каспиското Езеро до Персискиот Залив на запад и до Арапското Море на југ. Монголската армија под водство на Џингис-хан, неговите генерали и синови ги поминале Тјеншан и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. По падот на главниот град Самарканд, главниот град бил преместен во Бухара а Џингис-хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби. После големиот пораз на Хварезмидската Империја во 1220, Монголската армија била поделена на два дела. Џингис-хан предводел дивизија преку Авганистан и северна Индија, додека другиот контигент марширал преки Кавказот во Русија. Монголците ја уништиле Грузија, ја разрушила тврдината во Кафа во Крим и ја поминале зимата во близина на Црното Море. Субутај испратил гласници до словенските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле погубени. За време на Битката кај реката Калка во 1223, војската на Субутај ја уништила Киевската војска. Цела Централна Азија и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Во 1226 година, веднаш кога се вратил Џингис-хан во Монголија започнал напад над Тангутите (Западна Шија). Во ноември истата година, Џингис-хан предводел војска до градот Лингжоу и така ја повинал реката Хоангхо или Жолта Река, победувајќи ја тангутската армија. Во 1227, армијата на Џингис-хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан.
Пред својата смрт го назначил Огедеј Хан за свој наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Умрел во 1227 година, по победата над Тангутите. Бил закопан некаде во Монголија без назначен и обележан гроб и исто така локацијата на гробот не е позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од Азија и Источна Европа.
Покрај неговите освојувања, Џингис-хан исто така делувал и врз културниот и економксиот подем на Монголците и нивната империја. Под неговото водство, ујгурското писмо било во Монголското Царство. Овој валдетел исто така промовирал и верската толеранција во неговата држава. Денешните Монголци го сметаат за татко на Монголија.
Неговото име се наоѓа на голем број производи, улици, згради и останати позначајни објекти од јавен интерес. Неговиот лик може да се најде на монголските пари, и останати обележја за Монголија. Главниот меѓународен аеродром во Улан Батор е наречен Џингис-хан и статуа на Џингис-хан се наоѓа на самиот влез на Монголскиот парламент. Општо гледано, Монголците имаат голема почит кон ликот на Џингис-хан и е фундиментална фугура во монголскиот идентитет и историја.