Џиновска планета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиновски планети се разни видови планети многу поголеми од Земјата. Во најголем дел се составени од материјали со ниска точка на вриење (гасови или мраз), и немаат карпи или други цврсти материи, но може да постојат и џиновски цврсти планети. Во Сончевиот Систем познати се четири џиновски планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Откриени се многу вонсончеви џиновски планети кои кружат околу други ѕвезди.
| ||
Четирите џиновски планети
Прикажани редоследно од Сонцето и во вистинска боја . Големините не се пропорционални |
Понекогаш се нарекуваат и јовијански планети, по типичниот претставник Јупитер (латински: Jove); а се познати и како гасовити џинови. Но, многу астрономи терминот гасовити џинови го употребуваат само за Јупитер и Сатурн, додека Уран и Нептун кои имаат поинаков состав, ги класифицираат како ледени џинови.[1] Основните елементи кои ги сочинуваат Јупитер и Сатурн се водород и хелиум; а кај Уран и Нептун има уште и вода, амонијак и метан.