Џон Мадер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Мадер (7 август 1946 ) — американски астрофизичар, космологист и добитник на Нобелова награда за физика за неговата работа на Космичкиот позадински истражувачки сателит (COBE) заедно со Џорџ Смут.
Џон Мадер | |
---|---|
Роден(а) | 7 август 1946(1946-08-07) (77 г.) Роаноак, Вирџинија, Вирџинија, САД |
Живеалиште | САД |
Националност | Американец |
Полиња | Астрофизика, космологија |
Установи | НАСА Мерилендски универзитет |
Образование | Свартмор Калифорниски универзитет |
Докторски ментор | Пол Ричардс |
Познат по | Космичко позадинско микробраново зрачење |
Поважни награди | Дени Хајнеманова награда за астрофизика (1993) Нобелова награда за физика (2006) |
Неговта работа помогнала да се потврди теоријата за Големата експлозија за настанокот на универзумот. Според комисијата за доделување на Нобеловата награда, „проектот COBE може да се смета за почетна точка за космологијата како прецизна наука.“[1]
Мадер е постар астрофизичар при НАСА во Годардовиот центар за вселенски лет (GSFC) во Мериленд и професор по физика на Мерилендскиот универзитет. Во 2007 година, Мадер бил на списокот на 100-те највлијателни луѓе во светот според списанието Time. Во октомври 2012 година, тој бил повторно на списокот на Time во специјалниот број за новите вселенски откритија и како еден од 25 највлијателни луѓе во оваа област.
Мадер е исто така проектен научник за Веб, вселенски телескоп кој треба да бисе лансиран во вселената во L2 не порано од 2018 година.