Џо Кол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џозеф Џон „Џо“ Кол (англиски: [Joseph John "Joe" Cole] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) (роден на 8 септември 1981 ) — англиски пензиониран фудбалер, играч од средниот ред кој настапувал за тимови од Англија, Франиција и како последен тим Тампа Беј Роудајс од САД. Кол ја започна својата кариера во Вест Хем Јунајтед, каде што, по влегувањето во првиот тим во јануари 1999 година, одигра повеќе од 120 натпревари во текот на пет сезони. Тој беше еден од големиот број на играчи кој го напушти Вест Хем во текот на летото 2003 година, откако клубот испадна во Чемпионшип лигата, па поради тоа Кол потпиша за Челси. Тој помина седум сезони во Челси, играјќи повеќе од 280 натпревари во сите натпреварувања и освои десет трофеи, вклучувајќи и три титули во Премиер лигата, две во ФА Куп и две во Лига купот. Тој го напушти Челзи во слободен трансфер во јули 2010 година, за да се приклучат наЛиверпул, кој една година подоцна го позајми на Лил. По една сезона во Франција, тој се врати во Ливерпул пред повторно да се приклучи на Вест Хем во јануари 2013 година.За Вест Хем во сезоната 2013-2015 одигра 31 натпревар и постигна 5 голови. По завршувањето на сезоната со Вест хем тој потпиша за Астон Вила во јуни 2014 година, но само после една сезона замина на позајмица во Ковентри Сити каде што во октомври 2015 година, се приклучи на тимот со договор до јануари 2016 година. Од 2016 до 2018 година настапувал за американскиот Тампа Беј Роудајс, каде што на 11 неомври 2018 година, објавил дека се повлекува од активно играње фудбал[1].
Џо Кол | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 8 ноември 1981(1981-11-08) (42 г.) | ||
Роден во | Лондон, Англија | ||
Висина | &100000000000001760000001,76 м | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Тампа Беј Роудајс | ||
Број | 26 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998-2003 | Вест Хем Јунајтед | 126 | (10) |
2003-2010 | Челси | 184 | (28) |
2010-2013 | Ливерпул | 26 | (3) |
2011-2012 | → Лил | 15 | (3) |
2013-2014 | Вест Хем Јунајтед | 31 | (5) |
2014-2015 | Астон Вила | 31 | (5) |
2015-2016 | Ковентри Сити | 22 | (2) |
2016-2018 | Тампа Беј Роудајс | 82 | (20) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2010 | Англија | 56 | (10) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010 |