Џjиуџаигоу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џјиуџаигоу ([tɕjòʊ.tʂâɪ.kóʊ] ( слушнете); кинески: 九寨沟; пинјин: Jiǔzhàigōu) — природен резерват и национален парк што се наоѓа во северниот дел на покраината Сичуан во Југозападна Кина. Џјиуџаигоу претставува долга долина која се протега од север кон југ. УНЕСКО го запишал како светско наследство во 1992 година и како светски резерват на биосфера во 1997 година.[1] Припаѓа на категоријата V (Заштитен предел) во системот на IUCN за категоризација на заштитени подрачја.
Кратки факти Природно и историски интересно подрачје Џјиуџаигоу 九寨沟风景名胜区, Место ...
Природно и историски интересно подрачје Џјиуџаигоу 九寨沟风景名胜区 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Одозгора надолу: Петцветно Езеро, Петбојно Езерце, Водопади Нуориланг, Водопади Бисерен Гребен | ||||||
Место | Џјиуџаигоу (округ), Сичуан | |||||
Најблизок град | Сунгпан | |||||
Координати | 33°12′N 103°54′E | |||||
Површина | 720 km2 (280 sq mi) | |||||
Воспоставен(а) | 1978 | |||||
Посетители | 1.190.000 (во 2002) | |||||
Управно тело | Сечуанска покраинска градежна комисија | |||||
Светско наследство на УНЕСКО | ||||||
Критериум | природно: (vii) | |||||
Навод | 637 | |||||
Запис | 1992 (XVI заседание) | |||||
Површина | 72,000 ha (280 ми) | |||||
Затвори
Долината Џјиуџаигоу е дел од планините Мин на работ на Тибетската Висорамнина и се простира на 72.000 хектари. Позната е по многуте водопади на повеќе нивоа, шарени езера и врвови покриени со снег. Нејзината височина се движи од 2000 до 4500 метри.