Авантурите на Шерлок Холмс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авантурите на Шерлок Холмс (анг. The Adventures of Sherlock Holmes) е збирка од дванаесет раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл, илустрирани од Сидни Паџит кои првобитно излегувале во списанието Стренд од јули 1891 до јуни 1892 год. Книгата била издадена на 14 октомври 1892 од издавачката куќа Џорџ Њунс, а американското издание било издадено на 15 октомври од Харпер. Почетниот тираж во двете земји заедно бил 14.500 примероци.
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Корица на првото издание на „Авантурите на Шерлок Холмс“ | |
Автор | Артур Конан Дојл |
---|---|
Изворен наслов | The Adventures of Sherlock Holmes |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | Англиски |
Серијал | Шерлок Холмс |
Жанр | Детективски раскази |
Издавач | Џорџ Њунс |
Издадена | 1892 |
Медиум | Печатен (тврда подвеска) |
Претходна | Знакот на четворицата |
Следна | Мемоарите на Шерлок Холмс |
Затвори
Книгата била забранета во Советскиот Сојуз во 1929 год. заради окултизам, иако такво нешто не може да се најде во книгата. Нешто подоцна, забраната била отповикана.