Австралазиска антарктичка експедиција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Австралазиската антарктичка експедиција — експедиција од 1911 до 1914 година, предводена од Даглас Мосон, која го истражувала во голема мера непознатиот брег на Антарктикот јужно од Австралија. Мосон бил инспириран да го води својот потфат од неговите искуства во Нимродовата експедицијата на Ернест Шеклтон во 1907-1909 година. За време на експедицијата поминале околу 4.180 километри неистражена територија, додека бродот, СИ Аурора, поминал 2.900 километри на немапирано крајбрежје. Научните активности вклучувале метеоролошки мерења, магнетни набљудувања, експанзивна океанографска програма и собирање на многу биолошки и геолошки примероци, вклучувајќи го и откривањето на првиот метеорит пронајден на Антарктикот. Експедицијата била првата што воспоставила и одржувала безжичен контакт меѓу Антарктикот и Австралија. Друга планирана иновација - употребата на авион - била спречена со несреќа пред да заплови експедицијата. Форма на авион бил адаптиран да формира моторизирана санка или „воздух-трактор“, но се покажало дека има многу ограничена корисност.
Главната колиба во Денисоновиот ’Рт | |
Спонзор | Австралија |
---|---|
Лидер | Даглас Мосон |
Почеток | 1911-1914 |
Цел | Откривање на претходно непознати региони на Антарктикот по должина од 33° Доказ дека Адели Ленд и новооткриените брегови се дел од еден континент Нацртана првата точна карта на островот Мекквари Радиотелеграфска станица основана на островот Мекквари Откриен првиот метеорит на Антарктикот |
Бродови | Аурора |
Екипаж | Во моментот на поаѓање, 24 лица - екипажот на бродот, 31 лице - крајбрежен одред |
Достигнувања | Откриени:
Брег на Џорџ V Земја на Кралицата Марија Вилксова Земја Дејвисово Море Дирвилово Море |
Експедицијата била организирана во три бази: една на подантарктичкиот остров Маквари и две на копното на Антарктикот. Главната база, под команда на Мосон, била поставена во Денисоновиот ’Рт, околу 500 километри западно од Адаровиот ’Рт, а западната база под Френк Вајлд била основана на ледениот гребен Шеклтон, повеќе од 1.500 километри западно од Денисоновиот ’Рт. Активностите во двете бази на копното биле отежнати од екстремните ветрови, кои често ја оневозможувале работата надвор.
Експедицијата била нарушена со смртта на двајца членови за време на обидот да се стигне до Отсовата Земја: Белграв Едвард Нинис, кој паднал во процепот и Ксавиер Мерц, кој починал при мачното патување враќајќи се назад. Мосон, нивниот партнер за санкање, тогаш бил принуден да направи напорно соло патување назад во базата; тој го пропуштил бродот и морал да помине дополнителна година во Денисоновиот ’Рт, заедно со шест лица. Овој престој бил отежнат од менталниот слом на Сидни Џефрис, безжичниот оператор. Кога Мосон се вратил од Антарктикот, бил пречекан како херој и добил многу почести, вклучително и витешки орден. Научните студии обезбедиле обилни, детални податоци - за кои биле потребни триесет години за целосно објавување - и широката програма за истражување на експедицијата ја поставила основата за подоцнежните територијални претензии на Австралија на Антарктикот.