Аеродром Цирих
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Цирих (IATA: ZRH, ICAO: LSZH), исто така познат како Аеродром Клотен, е аеродром сместен во Клотен, предградие на Цирих, Швајцарија. Аеродромот е најголем во Швајцарија, а е исто така и база на Swiss International Air Lines.
Аеродром Цирих - Клотен Flughafen Zürich | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
10/28 | 8,202 | 2,500 | Асфалт | ||||||
14/32 | 10,827 | 3,300 | Асфалт | ||||||
16/34 | 12,139 | 3,700 | Асфалт |
Во 2003 беше направена голема експанзија на аеродромот, со која се изгради нов паркинг, нов терминал и железничка линија помеѓу терминалите. Аеродромот изгуби доста сообраќај кога Swissair прогласи мораториум, со кој сите авиони беа приземјени. Но, потоа Луфтханза ја презеде работата на Swissair, ја преименува компанијата во Swiss International Air Lines, по што, сообраќајот почна повторно да се зголемува.
Железничката станица во состав на аеродромот (Zürich Flughafen) е сместена под терминалот. Преку станицата, лесно може да се стигне до Цирих, како и до Винтертур, Берн, Луцерн и Женева. Минатата година преку аеродромот беа превезени 20.7 милиони патници.