Алифатично соединение
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алифатично соединение или алифатско соединение (од старогрчки: ἄλειφαρ, алифар = „масло“) — неароматични соединенија сочинети од јаглерод и водород. Можат да бидат заситени како хексанот или незаситени како хексенот и хексинот. Отвореноланчените соедненија, било да се прави или разгранети[1], кои не содржат никакви прстени секогаш се алифатични. Цикличните соединенија можат да бидат алифатични ако не се ароматични.[2]