Ана Фарис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ана Кај Фарис[1] (родена на 29 ноември 1976 г.)[1] — американска глумица и продуцентка. Таа е главно препознатлива по нејзините комични улоги во бројни филмски комедии низ кариерата.
Ана Фарис | |
---|---|
Фарис на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2013 година | |
Роден(а) | Ана Кај Фарис 29 ноември 1976(1976-11-29) (47 г.) Балтимор, Мериленд, САД |
Алма матер | Вашингтонски универзитет |
Занимање |
|
Активен период | 1991–сè уште |
Сопружник |
|
Деца | 1 (син) |
Нејзиниот пробив се случил со улогата на Синди Кемпбел во Страшен филм (2000), која предизивикала филмска франшиза. Таа се појавила во следните три продолженија на филмот, последен пат глумејќи во четвртото продолжение, издадено во 2006 година. Таа станала периодичен лик во ТВ серијата Пријатели за време на последната сезона во 2004 година. Во еден период од нејзината кариера, таа играла споредни улоги во драмски филмови како Изгубени во преводот (2003) и Кршенгрб Планина (2005), а исто така глумела и во бројни комедии, вклучувајќи ги Жешка женска (2002), Келнери (2005), Само пријатели (2005), и Мојата супер поранешна (2006). Таа добила пофални критики за улогата во црната комедија Насмеано лице (2007) а потоа глумела главна улога во Плејбој-тематскиот филм Куќна зајачица (2008), улога која и донела номинација за МТВ филмска награда за најдобар комичен настап.
Во 2009 година, таа играла улоги во филмските комедии Често поставувани прашања за патување низ времето и Набљудувај и извести, и исто така играла гласовни улоги во анимираните филмови Облачно со врнежи од ќофтиња и Алвин и верверичките: Второ цивкање (таа продолжила да го позајмува гласот и во продолженијата на двата филма). Таа глумела и била ко-продуцент на комедијата Кој е твојот број? (2011), по што следувале улоги во политичката сатира Диктатор (2012), и романтичната комедија Им давам година (2013). Фарис ја игра Кристи Планкт во ТВ серијата Мама од 2013 година, улога која и донела позитивни критики и две номинации за наградите Избор на публиката.