Андреја Дворкин
американска радикална феминистка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Андреја Рита Дворкин (26 септември, 1946 - 9 април 2005 година) е американска радикална феминистка и писателка најдобро позната по нејзината критика на порнографијата, која таа тврди е поврзана со силувањето и другите форми на насилство врз жените.
Кратки факти Андреја Дворкин, Роден(а) ...
Андреја Дворкин | |
---|---|
Роден(а) | Андреја Рита Дворкин 26 септември 1946(1946-09-26) Камден, САД |
Починал(а) | 9 април 2005(2005-04-09) (возр. 58) Вашингтон, САД |
Алма матер | Бенингтонски Колеџ |
Занимање | Писателка |
Активен период | 1966–2005 |
Познат(а) по | Радикален феминизам, анти-порнографски активизам |
Страница Портал за страниците на Андреја Дворкин |
Затвори
Антивоен активист и анархист во 1960-тите, Дворкин напишала 10 книги за радикалната феминистичка теорија и практика. За време на доцните 1970-ти и 1980-тите години, таа доби национална слава како портпаролка на феминистичкото движење против порнографијата, како и за нејзиното пишување за порнографијата и сексуалноста.