Андре Шенје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Андре Мари Шенје (француски: André Marie Chénier) (Истанбул, 30 октомври 1762 - Париз,25 јули 1794 ) - еден од најголемите француски поети на сите времиња, жртва на Француската револуција, гилотиниран само неколку дена пред крајот на власта на Теророт. Поет со исклучителна сензибилност, оживувач на античките естетски вредности, предвесник на романтизмот; во неговиот бурен живот и трагичен крај, романтичарите го гледаат својот идол и идеал.