Античка Македонија
античка држава на Балканот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Античка Македонија чие име тогаш било само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.
Античка Македонија | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Античка Македонија | |||||
Главен град | Ајга до 400 п.н.е. и преместен од Архелај I во Пела | ||||
Јазици | Антички македонски јазик | ||||
Уредување | монархија | ||||
Крал | |||||
- | 808 - 778 п.н.е. | Каран | |||
- | 359 - 336 п.н.е. | Филип II Македонски | |||
- | 336 - 323 п.н.е. | Александар III Македонски | |||
- | 221 - 179 BC | Филип V Македонски | |||
Историски период | антика | ||||
- | Каран митски основач на Аргеадска династија | 800-ти п.н.е. | |||
- | Аминта III ја обединува Македонија | 382 п.н.е. | |||
- | Освоена од Римската Република | 146 п.н.е. | |||
Валута | Статер (воведена валута од Филип II), подоцна римски денар | ||||
Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. Западната граница започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија [1]. Северната граница, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес [1], по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина[1]. Источната граница одела по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во Егејското Море. Античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија [1]. Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија [1].
Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Хелените за приморска Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било именувано македонското крајбрежје. Поимот Тракија за македонското крајбрежје има географско, а не етничко значење [1]. Постепено името Ематија било потиснато од името Македонија. Освен името Македонија во изворите се среќааваат и облиците Makedonida, Makedonitida, а како етноними се користат, машката форма Makedon и женските облици Makedonissa и Mаkete [1], како и множината Makedones.
Од владеењето на првата македонска династија Аргеади во VIII в. пр.н.е. започнува ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански популации со индоевропско потекло) што живееле на територијата на Античка Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордејци, Едони и др.
За Македонија карактеристични се: македонската басилеја, кралското уредување со наследен владетел и државни институции што владеат според македонски закони, македонски обичаи, обреди, со македонски божества, митови, култови и посебен македонски јазик.
Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со големите градежни зафати во времето на Филип II Македонски станува метропола на Балканот. Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во времето на Филип II Македонски, а екуменско значење (споредсвојата големина и моќ) во времето на Александар III Македонски.
По неговата смрт сè до римските освојувања (334–168 г. пр. н.е.) Македонија ја владеат дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип IV, Александар V(т. н. Антипатриди), Деметриј I Опсадникот, Пир, Лизимах, Птолемај; по 277 г. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон I Гонат, Деметриј II, Антигон Досон, Филип V Македонски и Персеј.
По паѓањето под римска власт, во 146 г. пр.н.е., Македонија станува римска провинција