Арапска култура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арапската култура е култура на Арапите, од Атлантскиот Океан на запад до Арапското Море на исток и од Средоземното Море на север до Рогот на Африка и Индискиот Океан на југоисток. Различните религии кои Арапите ги прифатиле во текот на нивната историја и различните империи и кралства кои владееле и го презеле водството на арапската цивилизација придонеле за етногенезата и формирањето на денешната модерна арапска култура. Јазикот, литературата, гастрономијата, уметноста, архитектурата, музиката, духовноста, филозофијата и мистиката се дел од културното наследство на Арапите.[1]
Арапскиот свет понекогаш е поделен на посебни региони во зависност од различни култури, дијалекти и традиции, вклучувајќи:
• Левант: Либан, Сирија, Палестина и Јордан.
• Египет
• Месопотамија (Ирак).
• Арапскиот Полуостров: Кувајт, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Оман, Јемен и Обединетите Арапски Емирати.
• Судан