Аре
река во Швајцарија, притока на Рајна / From Wikipedia, the free encyclopedia
Аре (германски: Aare, француски: Aar) — река во Швајцарија, притока на Рајна и најдолга река со целосно течение во рамките на Швајцарија.[2][3]
Кратки факти Аре, Изворно име ...
Аре | |
---|---|
Аре во Берн | |
Течението и сливот на Аре | |
Изворно име | Aare (германски) |
Местоположба | |
Земја | Швајцарија |
Кантони | Берн, Золотурн, Аргау |
Нас. места | Мајринген (БЕ), Интерлакен (БЕ), Тун (БЕ), Минзинген, Мури кај Берн, Берн, Бремгартен кај Берн, Арберг (BE), Бирен на Ар (BE), Золотурн (ЗО), Арванген (БЕ), Арбург (БЕ), Олтен (ЗО), Нидергесген (ЗО), Шененверд (ЗО), Арау (АГ), Вилдег (АГ), Бруг (АГ), Виндиш (АГ), Деринген (АГ), Клингнау (АГ) |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Долноарски Ледник, Бернско Горје |
• координати | 46°33′48″N 8°25′57″E |
• надм. вис. | 1940 м |
Устие | |
• место | Рајна под Кобленц |
• координати | 47.6057° СГШ; 8.2234° ИГД / 47.6057; 8.2234 |
• надм. вис. | 311 м |
Должина | 291,5 км [1] |
Големина на сливот | 17.779 км2 |
Проток | |
• место | Унтерзигентал |
• просечен | 559 м3/с (MQ 1935-2013) |
• најмал | 351 м3/с (MNQ 1935-2013), 138 м3/с (NNQ, 1963) |
• најголем | 735 м3/с (MHQ 1935-2013), 2.656 м3/с (HHQ, 2007) |
Особености на сливот | |
Течение | Рајна→ Северно Море |
Притоки | |
• леви | Личине (Бриенчко Ез.), Кандер (Тунско Ез.), Гирбе, Зане/Сарин, Цил/Тјел (Нешателско и Билско Ез.), Сиз (Билско Ез.), Динерн |
• десни | Гадмервасе, Цулг, Еме, Мург, Вигер, Зуре, Абах, Ројс, Лимат, Зурб |
Водни тела | вештачките езера Горноарско, Гримзелско, Ретерихсхбоденско, Бриенчко, Тунско, Воленско, Билско, Нидеридско, Клингауско |
Затвори
Има вкупна должина од 295 км,[2][4] долж која се спушта за 1.565 м, зафаќајќи слив од 17.779 км2 — речиси половина од Швајцарија.[4]
По течението има преку 40 хидроелектрани.[5]
Името на реката потекнува барем од латенскиот период (V-I век пр. н.е.) и е посведочено како Нантарор (Арска Долина) на Бернската цинкова таблица.
Подоцна ова име е латинизирано како Арула/Арола/Арарис.[6][б 1]