Аугусто Пиноче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аугусто Хосе Рамон Пиноче Угарте (шпански: Augusto José Ramón Pinochet Ugarte), познат како Аугусто Пиноче (25 ноември 1915 — 10 декември 2006 ) — чилеански генерал и диктатор кој ја презел власта со државниот удар од 11 септември 1973 година. Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1973-1998 година), претседател на владината хунта на Чиле (1973-1981 година) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година кога ја предал власта на демократски избраниот претседател Патрицио Ајлвин.
Аугусто Пиноче | |
---|---|
Пиноче во 1974 г. | |
30. претседател на Чиле | |
На должноста 17 декември 1974 – 11 март 1990 | |
Претходник | Салвадор Аљенде |
Наследник | Патрицио Ајлвин |
претседател на воената хунта на Чиле | |
На должноста 11 септември 1973 – 11 март 1981 | |
Наследник | Хосе Торибио Мерино |
58. началник на Генералштабот на Чилеанската армија | |
На должноста 23 август 1973 – 11 март 1998 | |
Претходник | Карлос Пратас |
Наследник | Рикардо Изуриета |
Лични податоци | |
Роден(а) | Аугусто Хосе Рамон Пиноче Угарте 25 ноември 1915(1915-11-25) Валпараисо, Чиле |
Починал(а) | 10 декември 2006(2006-12-10) (возр. 91) Сантјаго, Чиле |
Националност | Чилеанец |
Сопружник | Лусија Хириарт (1943 — 2006) |
Деца | Инес Лусија Пиноче Марија Вероника Пиноче Жаклин Марија Пиноче Аугусто Освладо Пиноче Марко Антонијо |
Установа | Чилеанска воена академија |
Занимање | политичар |
Професија | војник |
Вероисповед | католик |
Потпис | |
Воена служба | |
Припадност | Чиле |
Род | Чилеанска армија |
Траење | 1931 — 1998 |
Чин | капетан - генерал |
Единица | "Chacabuco" полк "Maipo" полк "Carampangue" полк "Rancagua" полк 1-ва армиска дивизија |
Заповеда со | "Esmeralda" полк 2-ра армиска дивизија 6-та армиска дивизија Воениот гранизон во Сантјаго Чилеанска армија |
До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армија. На 23 август 1973 година бил унапреден во главен началник на началник на Генералштабот на Чилеанската армија од страна на претседателот Салвадор Аљенде[1]. На 11 септември 1973 година, Пиноче го предводел државниот удар со кој биле соборени Аљенде и социјалистичката влада. Во декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловни сили на генералот Густаво Гусман не се согласувале со тоа [2].
Од самиот почеток, хунтата спроведувала остри мерки против своите политички противници [3]. Според различни извештаи и истражувања околу 1.200-3.200 биле убиени, околу 80.000 биле интерниран и околу 30.000 луѓе биле измачувани од страна на неговиот режим, вклучувајќи жени и деца [3][4][5][6].
Под влијание либералните чилеанските економисти познати како The Chicago Boys, Пиночевиот режим започнал со спроведување на серија на економски реформи, стабилизација на валутата, тарифно кратење, отворање на пазарите на Чиле за глобалната трговија, приватизација на социјална сигурност, приватизацијата на стотици индустрии кои биле под контрола на државата. Овие политики довеле до т.н Чилеанско економско чудо. Економските политики на Пиноче се продожени и засилени од владите кои го наследиле по возобновувањето на демократијата во 1990 година, Чиле денес има најстабилна економија во Латинска Америка, иако некои од експертите го оспоруваат наследство од реформите на Пиноче [7].
Пиночевиот режим добил законска основа преку контроверзниот плебисцит од 1980 година, кога бил донесен нов Устав изготвен од страна на владина комисија. Плебисцитот од 1988 година (во кој 56% гласови биле против продолжување на Пиночевата власт), доведоа до демократски избори за претседател и Парламентот. По мирното повлекување од чело на државата во 1990 година, Пиноче продолжил да ја извршува должноста началник на Генералштабот на Чилеанската армија до 10 март 1998 година, кога станал доживотен сенатор, според устaвот од 1980 година донесен од неговиот режим.
Во 2004 година, чилеански судија Хуан Гусман Тапија пресудил дека Пиноче е здравствено способен да одговара пред суди и го сместил во домашен притвор [1]. По Пиночевата смрт, 10 декември 2006 година, во Чиле сè уште се водат околу 300 кривични пријави против него, за бројни прекршувања на човековите права, даночно затајување и проневера за време на неговото 17 годишно владеење и потоа [8]. Пиноче беше обвинет за коруптивно стекнување на богатство од висина од 28.000.000 $ или повеќе [9].