Аџарска криза (грузиски: აჭარის კრიზისი), исто така позната како Аџарска револуција или Втора револуција на розите — политичка криза во Грузиската Аџарска Автономна Република, тогаш предводена од Аслан Абашидзе, кој одбил да ги послуша централните власти по соборувањето на претседателот Едуард Шеварнадзе за време на Револуцијата на розите во ноември 2003 година. Кризата се заканувала да прерасне во воена конфронтација бидејќи двете страни ги мобилизирале своите сили на внатрешната граница. Сепак, грузиската постреволуционерна влада на претседателот Михаил Саакашвили успеал да избегне крвопролевање и со помош на аџанската опозиција повторно ја потврдил својата надмоќ. Абашидзе го напуштил регионот во егзил во мај 2004 година и бил наследен од Леван Варшаломидзе.