Батиметрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Батиметрија — проучувањето на подводните длабочини на езерското или океанското дно. Со други зборови кажано, батиметријата е подводно опишување слично на хипсометрија или топографија. Името потекнува од (грчки βαθύς (бати), „длабочина",[1] и μέτρον (метрон), „мерка").[2] Батиметриските (или хидрографските) карти се употребуваат за зголемување на безбедноста на надводнато и подводното наведување, и најчесто го прикажуваат релјефот на дното или теренот како контурни линии (наречени длабински контури или изобати) и избраните длабочини, кои обезбедуваат информации за наведување. Батиметриските карти можат да користат итн. дигитален теренски модел и вештачки светлосни техники за да се прикажат соодветните длабочини. Палеобатиметрија е наука која се занимава со проучување на длабочините под океаните во далечното минато.