Брен (4 век п.н.е.)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брен (Brennus или Brennos) бил поглавица на галското племе Сенони. Тој ги поразил Римјаните во Битката кај Алија (18 јули 390 година п.н.е.). Во 387 п.н.е. тој ја предводел војската на Кисалпска Галија при нападот на Рим и го освоил поголемиот дел од градот, што го држел неколку месеци. Бреновата окупација на Рим била единствена за време од 800 години кога градот бил окупиран од страна на не-Римска војска, пред освојувањето на градот од страна на Готите во 410 година од нашата ера.